• image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • imagehttps://bidihumansega.mk/klub

ПОМОШ ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

На децата им треба твојата помош! 
Донирај според своите можности и помогни да не се згаси ниту една детска насмевка. 

Многу деца не можат сами да ја победат болеста која не се лечи во Македонија!

ИМАШ МОЖНОСТ, БИДИ ХУМАН СЕГА!

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОВ НАЧИН:


 1. НА ЗБИРНА СМЕТКА – донацијата се дели на сите деца подеднакво


 2. ДИРЕКТНА донација на детето корисник на фондацијата

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Филип!

 

 Донирај за Филип Николовски

Денарска: 2400-501-090-09645

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Филип Николовски (2014) кој боледува од целебрална парализа. 

 

Филип е роден во 28 недела од бременоста од кога започнува борбата за живот. Во периодот додека се наоѓа во болница се појавуваат компликации на мозочната комора и цистични промени кои направиле здравствени последици.

Филип има дијагноза церебрална квадриплегична парализа. По напуштање на одделението за неонатологија веднаш е започнат тераписки третман и рехабилитација. Филип е носен по два пати годишно ( секој третман по 3 месеци) во Специјалната болница за парализа и развојна неврологија во Белград и на посебни бањски лечења.

Малиот Филип не може да оди ниту да седи самостојно и целосно е зависен од помошта на своите родители. Ментално е нормално дете, насмеано и сака да си игра со деца особено со својата сестричка.

За да може Филип да живее нормален живот потребна му е операција која се врши од страна на руски лекари во болницата во Ќуприја – Србија по методот Etapna fibrotomija po uzibat, како и соодветна рехабилитација после операцијата. Поради возраста и дијагнозата, операцијата е закажана за 05.03.2019 година!

Родителите од кои работи само таткото се целосно финансиски исцрпени и немаат средства да го започнат ова лечење па на овој начин се обраќаат до сите добри, хумани луѓе и организации за помош, како би можел Филип да добие шанса да ја направи оваа операција која му значи достоинствен шивот!

 

Да му помогнеме на Филип со уплата на неговата денарска сметка, или со уплата на линкот е-донирај!

Филип да победи во борбата за достоинствен живот! Да бидеме хумани! 

На Филип можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарска сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

За Филип, за достоинствен живот! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Наташа!

 

 Донирај за Наташа Стојановска

Денарска: 2400-501-090-09160

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Наташа Стојановска (2011).

 

Малата Наташа уште од своето раѓање се соочува со проблеми кои животот и ги наменил - дијагностициран и е редок облик на артрогрипоза и срцева мана.
Покрај константните терапии и рехабилитации, проблемите на Наташа не завршуваат тука. 

Како последица на утврдената дијагноза откриено е и оштетување на слухот.
И покрај тоа, таа е весело девојче која сака да се дружи. Наташа е храбра и упорна, а пред се цврста во намерата да се избори за своето здравје.

За да може Наташа да оздрави потребни и се бањски лечења, логопедски третмани, како и рехабилитација во специјализирани центри за детско лечење кои постојат во странство.
Семејството нема финасиски можности да го плаќаат неопходното лекување на малата Наташа и апелира до сите хумани луѓе доколку се во можност да помогнат.

 

На Наташа можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Наташа за среќно детство! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Јован!

 

 Донирај за Јован Ристовски

Денарска: 2400-501-090-09548

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Јован Ристовски (2010) кој има церебрална парализа.

   

Мирното дете Јован е роден со многу мала тежина, 1700 грама. Но во развојот споро напредувал и уште како бебе не покажувал особен интерес кон надворешните дразби.
На седуммесечна возраст ги добива првие епилептични грчеви и напади на губење. Констатирано е заболување од  епилепсија и констатирана е  форма на церебрална парализа.

Јован не зборува, не разбира, тешко се движи,  видот му е слаб и тешко препознава луѓе. Самостално не менува многу положби. Епилептичните напади често му се повторуваат.
За ваквата состојба потребни се лекарства и рехабилитациони третмани во странство како и операција на тетивите на нозете што би помогнало да му се подобри состојбата.

Да му го олесниме детството на Јован така што ќе собереме донации за неопходното лекување, средства за кои неговите родители не се во можност да ги обезбедат.

Да му помогнеме на Јован да отиде на операција во странство и неговото детство да биде поспокојно!

Сите имаат иста шанса.  Да бидеме хумани!

 

На Јован можеме да му помогнеме со уплата на нејзговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

Да му помогнеме на Јован - за подобро детство! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Андреј!

 

 Донирај за Андреј Георгиев

Денарска: 2400-501-090-09451

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Андреј Георгиев (2015) кој има проблем со мускулатурата. 

   

Андреј има три и пол години и кога бил роден бил нормално и навидум здраво бебе.

Но веќе на петмесечна возраст родителите забележале дека не го држи правилно телото и по направените испитувања констатирана е дијагноза G 80 церебрална парализа  - хипотонична.

Андреј не зборува, не може самостојно да седи и да оди, има груба моторика но умствениот и психички развој е нормален.
По препорака на докторите упатуван е на физикална терапија за да му зајакне мускулатурата. Родителите го носеле на физикални терапии по препорака на докторите, доаѓал и приватен физиотерапевт но сето тоа не покажало никакви резултати.

Барајќи да му помогнат на своето дете, родителите дознале дека голем успех имаат децата кои одат во специјализираната болницата за рехабилитација на вакви деца, Ренона во Словачка.

Мајката е постојано со него и е невработена а само таткото работи и поради тоа не се во можност да обезбедат неопходни средства за барем еден третман во странство.

На малиот Андреј му е потребна нашата помош!  Да помогнеме ова дете да помине барем еден рехабилитацион циклус во странство за кој родителите поучени од други вакви случаи се сигурни дека Андреј ќе има голем успех и ќе може сам да оди и да си игра.

 

На Андреј можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на негова сметка.

Да му помогнеме на Андреј да го живее животот како сите други деца! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

 

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Марко!

 

 Донирај за Марко Николов

Денарска: 2400-501-090-09063

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

 


Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Марко Николов (2011) која има проблем со нозете. 

   

   Марко има 7 години. До пред две години беше потполно здраво момче, весело и темпераментно. Сакаше да игра фудбал. Неговиот живот се променил кога заболел од Трансверзален мијелитис - воспаление на кичмената мозочна маса. Се започнало како вообичаена респираторна инфекција, но веднаш започнале компликациите кои довеле Марко да се бори за животот. Трансверзален миелитис е многу ретка болест која се протега на целиот кичмен столб и доведува до одземеност на долните екстремитети. Од тогаш Марко не може да оди самостојно и е во количка.

   Неговото опоравување оди многу споро. Со огромен труд, секојдневни напорни вежби и со помош на електростимулации десната нога делумно му се опоравува. Но за жал левата нога сеуште му е слаба. Поради слабиот имунитет Марко не оди на места каде што има деца, не оди на родендени, не игра фудбал. Но и покрај се Марко е силен борец и верува дека еден ден ќе трча заедно со своите другарчиња.
   

   За да се забрза неговото опоравување неопходни се терапии на современи уреди за јакнење и за стимулација на мускулатурата кои се прават надвор од нашата земја.
За таа цел се контактирани клиники и болници во странство кои можат да помогнат. Меѓутоа, трошоците ги надминуваат можностите на неговото семејство каде само таткото е вработен.

 

Затоа ги молиме сите луѓе со добри и големи срца да ја покажат својата хуманост на дело и со своја донација да помогнат ова момче повторно да застане на свои нозе.

Заедно да направиме да се продолжи среќното детство на малиот Марко таму каде што еден ден е прекинато во налетот на оваа ретка болест. Да бидеме хумани!

За Марко повторно да застане на свои нозе!

Да му помогнеме на Марко и да му овозможиме да отиде на неопходни терапии во странство!

 

На Марко можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

За Марко, да трча заедно со своите другарчиња! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Адријан!

Донирај за Адријан Адили

Денарска: 2400-501-090-09742

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 

собира парични средства за Адријан Адили (2013).

 

Адријан имал крварење во мозокот и други повреди кои ги добил при породувањето, добил и спазам на екстремитетите.


Адријан трпи секојдневни силни грчеви во рацете и во нозете и заостанува во психосоматскиот развој.

 

Досегашните терапии на кои беше малиот Адријан не се со успех и единствено решение се специјални третмани кои се применуваат во странство.

Неговото лекување е многу скапо и затоа неговите родители молат за помош за да може Адријан рамноправно да си поигра со својата сестричка и постар брат.


Да му помогнеме на малиот Адријан со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

За нас малку - многу за детството на Адријан!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


 За Марина! 

 

Донирај за Марина Човаковска

Денарска: 2400-501-090-08869

 

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА 

собира парични средства за Марина Човаковска (2007).

 

     На шест годинишна возраст кај Марина е дијагностицирана лимфобластна леукемија. Марина е лечена со хемотерапии до мај 2015 год., кога лекарите заклучиле дека е сосема излечена. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, и се констатирани нови промени и леукемијата се вратила во многу попрогресивен вид.
Нејзината здравствена состојба е исклучително сериозна и лекувањето бара освен хемотерапии, зрачења и трансплантација на коскена срж.

    Лекувањето на Марина е возможно само во специјални центри како што е Специјалната Клиника во Рим, Италија. После остварениот контакт со клиниката  во Рим, семејството ги насочило сите сили да ја однесат малата Марина на лекување.

    Средствата за заминувањето и за интервенцијата се големи. Нејзиното родители се со ниски работнички плати и не се во финансиска можност да го обезбедат лекувањето.
Затоа се обраќаат до сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат за лечење на нивното дете.

Да и помогнеме на Марина да ја победи оваа страшна болест! 

На Марина можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Марина за нормално детство! Да бидеме хумани!

БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Билјана!

 

 Донирај за Билјана Костова

Денарска: 2400-501-090-08772

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Билјана Костова која има церебрална парализа 

   

     

Билјана Костова од мала боледува од церебрална парализа.
Лечена е во нашата земја но резултатите се без поголем успех. По извршените прегледи и консултации со лекари во странство констатирано е дека лечењето е можно само со третман со матични клетки која интервенција треба да се изврши во Русија.
Третманот е закажан за месец јануари 2019 година.

Со сигурност очекуваат подобрување на моториката со што Билјана ќе може самостојно да јаде и да го живее животот без постојана придружба.
Нејзиното семејство не е во можност да ги обезбеди потребните средства па упатува апел до сите хумани луѓе да и помогнеме на Билјана за достоинствен живот!

 

Да и помогнеме на Билјана и да и овозможиме да отиде на неопходниот третман во странство!

На Билјана можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да и помогнеме на Билјана да живее достоинствено! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

 

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
збирно за сите

Последни уплати

ТОП ДОНАТОРИ

Хуманитарна Фондација ДОПИР

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

БИДИ ХУМАН СЕГА

ДОНИРАЈ

на збирна сметка на Фондацијата за секое дете подеднакво;
Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353
Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX
Секоја Ваша донација преку ж-ска ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Институт Алтернатива