БИДИ
ХУМАН
СЕГА


За Марко!

 

 Донирај за Марко Николов

Денарска: 2400-501-090-09063

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје 

 


Хуманитарната Фондација ДОПИР, преку порталот БИДИ ХУМАН СЕГА, 
собира парични средства за Марко Николов (2011) која има проблем со нозете. 

   

   Марко има 7 години. До пред две години беше потполно здраво момче, весело и темпераментно. Сакаше да игра фудбал. Неговиот живот се променил кога заболел од Трансверзален мијелитис - воспаление на кичмената мозочна маса. Се започнало како вообичаена респираторна инфекција, но веднаш започнале компликациите кои довеле Марко да се бори за животот. Трансверзален миелитис е многу ретка болест која се протега на целиот кичмен столб и доведува до одземеност на долните екстремитети. Од тогаш Марко не може да оди самостојно и е во количка.

   Неговото опоравување оди многу споро. Со огромен труд, секојдневни напорни вежби и со помош на електростимулации десната нога делумно му се опоравува. Но за жал левата нога сеуште му е слаба. Поради слабиот имунитет Марко не оди на места каде што има деца, не оди на родендени, не игра фудбал. Но и покрај се Марко е силен борец и верува дека еден ден ќе трча заедно со своите другарчиња.
   

   За да се забрза неговото опоравување неопходни се терапии на современи уреди за јакнење и за стимулација на мускулатурата кои се прават надвор од нашата земја.
За таа цел се контактирани клиники и болници во странство кои можат да помогнат. Меѓутоа, трошоците ги надминуваат можностите на неговото семејство каде само таткото е вработен.

 

Затоа ги молиме сите луѓе со добри и големи срца да ја покажат својата хуманост на дело и со своја донација да помогнат ова момче повторно да застане на свои нозе.

Заедно да направиме да се продолжи среќното детство на малиот Марко таму каде што еден ден е прекинато во налетот на оваа ретка болест. Да бидеме хумани!

За Марко повторно да застане на свои нозе!

Да му помогнеме на Марко и да му овозможиме да отиде на неопходни терапии во странство!

 

На Марко можеме да му помогнеме со уплата на неговата денарската сметка, како и со платежна картичка директно на неговата сметка.

За Марко, да трча заедно со своите другарчиња! 

БИДИ ХУМАН СЕГА!

Е - ДОНАЦИЈА       Уни Банка - Скопје преку  Casys  обезбедуваат безбеден трансфер на средствата. 

 

                                         Прифатени се:          Платежни картички 

                       Безбедноста ја гарантираат:        Verified by Visa Master card secure code


Доколку внесете точни податоци (адреса, тел., e-mail...) ќе можеме да Ви испратиме БЛАГОДАРНИЦА за Вашата искажана хуманост кон овие акции.

Донатор

За Марко Николов

Донација

НОВО! Со поддршка на Уни Банка Скопје успеавме да реализираме да може Вашата донација да биде континуирана, повторлива секој месец. Тоа значи, еднаш определувате која сума ќе ја донирате и истата секој нареден 15 -ти  ден во месецот банката автоматски ќе прокнижи нова донација со истиот износ без да мора постојано да ја правите операцијата на внесување на лични податоци!

ден.

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
За Марко Николов

Последни уплати за Марко Николов

Хуманитарна Фондација ДОПИР

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

БИДИ ХУМАН СЕГА

ДОНИРАЈ

на збирна сметка на Фондацијата за секое дете подеднакво;
Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353
Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX
Секоја Ваша донација преку ж-ска ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Институт Алтернатива

Foundation DOPIR. Copyright 2018. All Rights Reserved.