Како работиме / Најчесто поставувани прашања

 

    1 ХУМАНИТАРНАТА ФОНДАЦИЈА ДОПИР – СКОПЈЕ преку својата платформа БИДИ ХУМАН СЕГА има една основна цел – да помогне на децата со ретки болести им посебни потреби на кои им е неопходна помош за лечење а не можат да ги остварат овие права во Република Македонија.

    2 Начинот на работа на Фондацијата е единствен во Македонија, бидејќи до сега не постоеше оваква пракса која овозможува сите корисници, во согласност со мотото на Фондацијата „ЕДНАКВА ШАНСА ЗА СИТЕ“, да дојдат до потребните средства на единствен начин а од друга страна оние кои даваат помош во секој момент да знаат како тече акцијата и колку пари се собрани.
Тоа е овозможено со отварањето на веб страната www.bidihuman.mk на кој сите оние кои бараат помош добиваат своја страница, подсметка и можност да примат донација директно од донатор или од заедничкиот фонд за донации.

    3 Парите кои ќе се соберат за одреден корисник, се уплаќаат директно на болницата или здравствената установа која ја дава услугата. Плаќањето се врши исклучиво преку сметката по доспеана фактура.


    4 Секој наш Корисник има свој профил со неговата девизна и денарска подсметка, јавно прикажана на веб страната, целосен список на собрана парична помош заедно со имињата на донаторите кои уплатиле на сметките на Корисникот, средства кои се наменети да се искористат за лечење на Корисникот.
Фондацијата од секоја поединечна уплата на сметка на Корисникот на Фондацијата не задржува никаква провизија.
На веб страницата секој ден се објавуваат податоци за тоа колку пари се собрани за секој кој се обратил за помош.

 

Корисник на Фондацијата се станува многу едноставно...

Потребно е да се пополни Барање и да се донесе потребната документација. По проверката, дали идниот корисник ги исполнува условите, се потпишува договор и од тој момент почнува собирањето на средства.

Постојат повеќе начини да се уплатат пари на корисникот:

  1. СО УПЛАТА НА ДЕНАРСКА СМЕТКА:
    Секој корисниик има своја посебна денарска сметка на која може да се уплатат средства.
  2. СО УПЛАТА НА ДЕВИЗНА СМЕТКА:
    Секој корисник има своја посебна девизна сметка на која може да се уплатат средства.
  3. УПЛАТА НА КОРИСНИКОТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ( e-banking)
    Се врши со донирање со платежни картички преку УНИ БАНКА – Скопје, која го користи сервисот на CasSys.
    Парите можат да се уплатат со „Maestro“ или „Visa“ платежни картички.

Денарските и девизни сметки се отворени во УНИ БАНКА – Скопје. 
Адресата на Фондацијата: ул. Анкарска бр, 21/29 Скопје а работното време е од 8 до 16 часот. 

 

Работата на Фондацијата ја подржуваат многу медиуми ( радио станици, телевизии, интернет портали, весници) како и истакнати јавни личности кои набрзо, јавно ќе бидат промовирани како „амбасадори на добра волја“.

 

Фондација Допир - Скопје

Најчесто поставувани прашања

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
збирно за сите

Последни уплати

ТОП ДОНАТОРИ

Хуманитарна Фондација ДОПИР

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

БИДИ ХУМАН СЕГА

ДОНИРАЈ

на збирна сметка на Фондацијата за секое дете подеднакво;
Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353
Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX
Секоја Ваша донација преку ж-ска ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Институт Алтернатива

Foundation DOPIR. Copyright 2018. All Rights Reserved.