Mile Shulevski

Основно мото на Фондацијата - ЕДНАКВА ШАНСА ЗА СИТЕ!

НАШАТА МИСИЈА

     Фондацијата обезбеди нов и транспарентен начин за донирање помош за болни деца. Со помош на хуманите луѓе и општествено одговорните фирми од Македонија собираме средства за помош на оваа најранлива категорија.

     БИДИ ХУМАН СЕГА – Фондација Допир, по начинот на функционирање и транспарентноста е единствена во Македонија и пошироко, земајќи во предвид дека секој посетител на www.bidihumansega.mk во реално време може да ги следи сите извршени донации преку личната сметка на Корисникот на донациите, како и начинот како точно се трошат средствата за секој Корисник поединечно.

     Фондацијата им помага на сите семејства кои не можат да организираат кампањи за информирање до граѓаните при собирање средства за помош на болните деца, да им помогнеме со наша помош и преку нашиот системот на огласување преку општествено одговорните медиуми, кои со Фондацијата имаат договор за соработка - да ги остварат своите цели. Исто така активно ги користиме и социјалните мрежи преку кои се известуваат граѓаните за секоја донаторска акција.

     На овој начин Фондацијата на своите корисници им овозможува рамноправна застапеност во медиумите во Македонија и пошироко. Воедно на донаторите им се дава можност да изберат на кого ќе помогнат а сето ова заедно овозможува, сите деца на кои им е потребна помош да имаат еднаква шанса.

Еднаквоста ја применуваме преку воспоставените правила при разгледување на барањето за помош на секое дете што сака да стане Корисник на Фондацијата:

  • Секој Корисник е запознаен со нашиот Правилник за работа и со секој поединечно се склучува Договор;
  • Медицинската документација која ја доставуваат потенцијалните корисници на парични средства ја разгледува наша комисија од лекари специјалисти – волонтери и пријатели на Фондацијата, и за истата го консултира Фондот за здравство на РМ;
  • Фондацијата не задржува никаков процент од донираните средства на корисниците.
    Тековните трошоци за работа Фондацијата се обезбедуваат со помош на општествено одговорни фирми кои ја поддржуваат нашата работа преку нивни услуги и финансиска помош.

     Се надеваме дека хуманите луѓе со помош на Фондацијата Допир и платформата БИДИ ХУМАН СЕГА со својот единствен и транспарентен начин на донирање, ќе им овозможи на сите деца на кои им треба помош да добијат уште една шанса во својата борба за живот.

 

Претседател на Фондацијата
         Миле Шулевски

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
збирно за сите

Последни уплати

ТОП ДОНАТОРИ

Хуманитарна Фондација ДОПИР

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

БИДИ ХУМАН СЕГА

ДОНИРАЈ

на збирна сметка на Фондацијата за секое дете подеднакво;
Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353
Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX
Секоја Ваша донација преку ж-ска ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Институт Алтернатива

Foundation DOPIR. Copyright 2018. All Rights Reserved.