Политиката за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на нашите страници. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата на Фондацијата ДОПИР. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени.

Политиката за заштита на лични податоци може да биде изменета и секоја измена ќе биде објавена. Притоа, ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци и доколку имате некои забелешки кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци да нè известите.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за нашите веб страници. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате нивните Политиките за заштита на личните податоци.

Прибирање информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број, е-пошта, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни вашата нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за реализирање на нарачките и за нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Cookies/Колачиња - Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Давање лични податоци на користење

Само врз основа на закон вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

  • забрането или побарано со Закон;
  • заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;
  • истрага на измама која веќе се случила.

Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Фондацијата ДОПИР никогаш намерно нема да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите на нашата е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

На ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страниците на фондацијата ДОПИР. Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Медиумски Амбасадори:

  • image
  • image
  • image
  • image

Собрани донации
збирно за сите

Последни уплати

ТОП ДОНАТОРИ

Хуманитарна Фондација ДОПИР

Работно време пон-петок од 08 до 16 часот

Адреса: ул. Анкарска бр.21/29 1000 Скопје
телефон: 02/614 – 5525
e-mail: dopirmk@gmail.com

БИДИ ХУМАН СЕГА

ДОНИРАЈ

на збирна сметка на Фондацијата за секое дете подеднакво;
Уни Банка - Скопје Денарска сметка: 2400-501-075-12353
Девизна сметка: IBAN: MK07240050107512353 SWIFT: UIBMMK22XXX
Секоја Ваша донација преку ж-ска ќе биде прикажана на сајтот по прокнижување во банката.

Институт Алтернатива

Foundation DOPIR. Copyright 2018. All Rights Reserved.